Нефи Усеини: На нашиот фудбал му требаат инвеститори, но повеќе му треба чесност и фер конкуренција!

По официјалното повлекување на охридскиот прволигаш Воска Спорт од настапите во Првата македонска фудбалска лига, првиот човек на клубот, Нефи Усеини преку свое обраќање до јавноста и навивачите на клубот ги образложи причините за донесената екстремна одлука.

Усеини во своето обраќање истакнува дека неговата идеја, преку потрошените лични финансиски средства, била да создаде клуб кој обединува, но и покрај

„Од основањето на клубот Воска Спорт мојата идеја и онаа на моите соработници беше јасна – да изградиме клуб кој нè обединува и нè претставува достоинствено, како држава, како град, како албанска заедница, не само во Македонија, туку и подалеку. Како претседател на клубот инвестирав и потрошив стотици илјади евра од лични средства, без никаква поддршка од друга институција или поединец. Ова го направив со срце, со страст и со убедување дека градиме проект со кој сите Албанци ќе се фалат. И фактите сами зборуваат – за кратко време успеавме да станеме дел од ПМФЛ, а во првата сезона како прволигаш дојдовме и до финалето во Купот на Македонија“ – вели меѓу другото Нефи Усеини, и дополнува:

„Дојде клучниот момент, каде покрај тековните неправди од страна на судиите, нашиот клуб беше погоден со најтешка можна казна, во најкритичниот момент во сезоната. Одлука која беше сè друго, но не само спортска. Во овие услови донесов тешка, но правилна одлука за повлекување на клубот Воска Спорт од Првата лига. Веќе немам намера да мачам чесни професионалци, фудбалери, тренери, технички персонал со нееднаквст во натпреварувањето. Бидејќи кога се бориш макотрпно, а за возврат добиваш неправда, болката е многу поголема од секоја загуба на теренот. На нашиот фудбал му требаат инвеститори, но најмногу од сè, му треба фер конкуренција. Затоа што убавината на фудбалот не е само во парите или трофеите, туку и во чистата игра, во почитта, трудот и потта која се излева подеднакво за сите. Но, кога сите овие ќе бидат заменети со одлуки што ги донесе канцеларијата, тогаш фудбалот го губи своето значење“.

Се вчитува...