Од еден поинаков агол: Што прават репрезентативците во миговите за одмор!? (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Машката ракометна репрезентација на Македонија во добра атмосфера се подготвува за претстојниот бараж против Романија за пласман на СП 2019 во Германија и Данска. ЕКИПА денеска ги сними ракометарите во неформално издание во хотелот „Александар Палас“. Оние неколку часа меѓу утринскиот и пладневниот тренинг, ракометарите ги минуваат во опуштено расположение на кафе-муабет и во дружба со најблиските.

Во оној формалниот ден продолжуваат физичките и техничко тактичките подготовки под палката на селекторот Раул Гонзалес.

Првиот натпревар од бараж, е на 10 јуни во Скопје, а реваншот е три дена подоцна во Клуж.

 

Се вчитува...