Негатива на полувреме во Торшавн, Македонија тешко се „спојува“ (ВИДЕО)

ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев

Македонија има негатива по првиот дел на гостувањето во Торшавн кај Фарски Острови. Домаќинот искористи грешка на нашата селекција уште на самиот старт, и со гол од пенал поведе. По една конфузија во шеснаесетникот беше досуден пенал за Фарски по стартот на Иљазовски врз еден од домашните  фудбалери. ВАР ја потврди одлуката, па Давидсен официјално во 9. минута погоди од пенал и донесе преност за домаќинот.

Она за кое треба да бидеме загрижени е тешкото „спојување“ на редовите на Македонија. Во офанзива тешко оди, во дефанзива се доцни, а Фараните се опасни по противнападите и по играта на прекините. Таква нивна игра правеше огромни проблеми во дефанзивата.

Меѓутоа и со таква игра Македонија дојде до две шанси. Најсериозната ја имаше Чурлинов по една соло акција од  левата страна го мина и голманот, но Андреас Едумндсон од самата гол линија го изблокира неговиот удар. Во 37. минута удар и на Митровски прецизен, но голманот Ренјатрод кратко одби, а немаше кој да ја спроведе во мрежата.

Македонија ја чека тешка задача во вториот дел тоа е дефинитивно. Ќе мора да се најде патот до голот и тоа што е можно побрзо. Ќе мора да се најде потечна игра и подобра без топка ако се сака од тука од Торшавн да се извлечат три бода.

Се вчитува...