Роберто Манчини повторно има причина за длабока тага откако само петнаесетина дена по смртта на Синиша Михајловиќ, актуелниот италијански селектор остана без уште еден близок пријател, Џанлука Вијали.
Двајцата врвни голгетери настапуваа заедно за Сампдорија, како и за италијанската младинска, подоцна и сениорска репрезентација, создавајќи нераскинлива врска, па не беше нималку чудна кога Манчини веднаш по прифаќањето на селекторската функција инсистираше токму Вијали да биде дел од неговиот стручен штаб.
Видеото од нивната заедничка прослава по освоениот трофеј на ЕВРО 2020 потсетува на големото пријателство, а нема сомнеж дека на Манчини денеска му е најтешко, рамо до рамо со семејството на легендарниот Џанлука Вијали.
This moment between Gianluca Vialli and Roberto Mancini 🥺❤️
(via @EURO2024)pic.twitter.com/dlV1AHPZZ3
— ESPN FC (@ESPNFC) January 6, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА