Неговиот фудбал беше уметност – сега 40-от роденден го слави во затвор

Бразилецот Роналдињо беше еден од оние кои ја одбележаа фудбалската игра. Единствениот човек во историјата кои успеа да ја освои Лигата на шампионите, Светското првенство, Копа либертадорес, Копа Америка и „Златната топка“, денеска го слави својот 40-ти роденден. Но, место вистинска прослава на јубилејот тој го одбележува роденденот во парагвајски затвор.

Роналдињо и неговиот брат беа уапсени пред десет дена откако се покажа дека со лажни документи влегле во Парагвај. Сите обиди да се ослободи пропаднаа, и му се заканува казна затвор до шест месеци. Истакна дека е невин и дека тоа ќе го докаже на суд.

Бразилскиот фудбалер ужива огромна популарност во затворот, а чуварите и редарите во затворот секојдневно се обидуваат да ги задоволат сите негови потреби за нормално функционирање.

Се вчитува...