Нејмар очајно сакал да го напушти Пари Сен Жермен и понудил да плати 17.7 милиони евра свои пари за да помогне трансферот во Барселона да се реализира. Бразилецот се мачи во ПСЖ уште од доаѓањето во 2017 година и летово се обидуваше да се пресели во друга средина. Да се врати во Барселона или да направи трансфер во Реал Мадрид.
Барселона не можеше да одговори на висината на барањето на францускиот шампион за Нејмар, па затоа тој понудил да доплати до потребната сума, тврди „Скај спортс“.
Шпанските гиганти се обидуваа да го доведат Нејмар, но ПСЖ во ниту еден момент не беше подготвен за намалување на цената иако беше јасно дека бразилскиот ас не сака да остане во главниот француски град.
Сепак, тој останува во ПСЖ и по завршувањето на обврските со репрезентацијата ќе се врати во редовите на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА