Бразилската суперѕвезда на Барселона, Нејмар, изјави дека во иднина би сакал да заигра во англиската премиер лига. Иако имаше шанса да му се исполни желбата, Нејмар во 2013 година потпиша за каталонскиот клуб и покрај бројните понуди од Англија. Минатото лето имаше шпекулации дека и Мурињо и Гвардиола го сакаат бразилскиот репрезентативец, но од трансферот ништо не се случи, бидејќи никој не сакаше да ја плати астрономската клаузула на Нејмар.
„Ја сакам лигата. Има многу возбудувања, трилери, секој може да победи секого. Никогаш не се знае кој ќе биде шампион. Сите предвидуваат едно, а на крајот ќе се случи нешто слично како со Лестер, ќе освои тимот кој најмалку очекуваат. Така е и оваа година, сите зборуваа за битка помеѓу Јунајтед и Сити, но Челси и Антонио Конте направија сензација и сега тие се најблиску до трофејот.
Би сакал во иднина да заиграм во Англија. Да работам со тренери како Мурињо и Гвардиола. Им се восхитувам на Јунајтед, Челси, Арсенал и Ливерпул. Тие се големата четворка кои секоја се меѓу главните конкуренти за титула.“ – изјави Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА