Фудбалската репрезентација на Бразил се подготвува за настапот на Светското првенство во Русија, а фановите на „кариоките“ се во исчекување на враќањето на големата ѕвезда Нејмар на фудбалските терени, по повредата на стапалото која подолг период го оддалечи од натпреварувањето. Иако здравствено е комплетно опоравен, тој вели дека чувствува одреден страв од враќањето на теренот.
„Физички сум добро, стапалото ми е во ред. Се навикнувам се уште, чувствувам одредена нелагодност, но тоа не е нешто страшно. Не сум уште на 100%, но тоа ќе дојде со времето. Нормално дека чувствувам страв кај некои движења. Но, има време до првиот натпревар на СП и мислам дека ќе бидам максимално подготвен. Ништо не може да ме спречи, иако чувствувам некој страв во себе од враќањето на фудбалските терени“, изјави Нејмар.
Бразил за пет дена ќе одигра пријателски натпревар со Хрватска, а токму на тој меч Нејмар треба повторно да заигра фудбал по повредата на стапалото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА