Нејмар до навивачите: Тука сум уште три години, ќе се уморите од свиркање

ПСЖ стигна до нова титула во француското првенство откако во 34. коло ремизираше со Ленс, а бодот беше доволен да се направи недостижна предност пред второпласираниот Марсеј.

Но, ниту новата титула на „светците“ не беше мотив за смирување на страстите на релација навивачи – играчи која трае од елиминацијата во Лигата на Шампионите. Нејмар во текот на мечот често беше исвиркуван, а Бразилецот одговори на навивачите на својствен начин по прославата.

„Исврикувањето на навивачите? Ќе се уморат од свирање. Тука сум уште најмалку три години колку што трае мојот договор па подобро ќе им биде да престанат бидејќи ќе останат без воздух“, изјави Нејмар.

Интересен одговор на ситуацијата имаше и Марко Верати кој изјави дека не ги разбира навивачите кои го знак на протест порано го напуштија „Паркот на Принцевите“.

„Ете, има и навивачи кои не ја слават титулата и тоа не го разбирам. Тоа е фудбалот. Некогаш добивате, некогаш губите. И ние сме луѓе, доживуваме неуспеси, но оваа титула е успех и е многу важна“

Се вчитува...