Откако е објавено дека сезоната за Нејмар е завршена поради тешка повреда и операција која мора да ја направи, сите се запрашаа дали Бразилецот веќе го одиграл својот последен натпревар за ПСЖ? Едно од клучните прашања е дали напаѓачот на парижаните ќе остане и натаму да биде дел од оваа екипа, или ќе се реши да ја смени средината.
Иако медиумите често го селат од ПСЖ, Нејмар за „Л’Екип“ кажа дека нема намера да го напушти Париз и Франција и екиипата за која во моментов игра.
„Нејмар нема намера да го напушти ПСЖ на лето. Среќен е, и се чувствува добро во Париз“, стои во објавата на „Л’Екип“.
Договорот на Нејмар истекува во 2027 година, но е среќен во тимот и нема намера да си оди. Директорот Луис Кампос не би имал ништо против да го продаде фудбалерот. Навивачите се надеваа дека Нејмар ќе може да игра против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, но тоа сега е јасно дека не е возможно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА