Нејмар е во преговори со ПСЖ за продолжување на договорот

Нејмар би можел да остане во Пари Сен Жермен подолго од тоа што предвидува неговиот актуелен догoвор, вели неговиот татко и менаџер. Нејмар сениор во интервју за бразилски медиум објави дека суперѕвездата е во преговори за продолжување на договорот кој има важност до 2022 година.

Тој уште вели дека неговиот син нема да биде од оние играчи кои пречесто се селат, а за поврзувањето со неколку големи клубови, особено со Реал Мадрид вели дека не значат ништо бидејќи Нејмар бил поврзуван со транфери уште од моментот кога влегол во професионалниот фудбал.

Нејмар во ПСЖ дојде од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

Се вчитува...