Бразил ќе биде во својот најсилен состав на следниот дуел од групата против Костарика, откако Нејмар ги надмина проблемите со повредата на зглобот. Најдобриот фудбалер на „кариоките“ не тренираше со остатокот од тимот по дуелот со Швајцарија, жалејќи се на болка по грубите стартови на противничките играчи против него.
Сепак, Нејмар во меѓувреме ги надмина проблеми, од вчера почна да тренира со полна пареа, а селекторот Тите денеска потврди дека тимот нема да биде променет во однос на единаесетмината кои стартуваа против Швајцарија.
„За мене нема дилеми, против Костарика ќе стартуваат истите единаесетмина како против Швајцарија“ – изјави денеска Тите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА