Тите ја напушти клупата на Бразил по поразот од Хрватска, а Нејмар се прости од сега веќе поранешниот селектор со емотивно писмо кое го објави на Инстаграм.
Тој вели дека иако во минатото не се поднесувале, судбината ги споила и ги направила големи пријатели.
„Пред да се сретнеме лично, многу пати игравме еден против друг. И знаете што? Мислев дека си толку досаден. Направи се за да ме победиш, дури и лошо зборуваше за мене. Но судбината е смешна. Таа те направи тренер, а мене ми го даде бројот 10. Те знаев како тренер и знаев дека си добар, но како човек си многу подобар. Ме запозна и знаеш кој сум и тоа ми е важно. Го пишувам ова за да ти се заблагодарам за се, за сите лекции што ме научи, а ги имаше многу. Секогаш ќе бидеш еден од најдобрите тренери што сум ги имал или ќе ги имам, секогаш ќе те поддржувам. Имавме убави моменти, но имавме и моменти кои многу не повредија. Ова последново долго ќе не боли. Вие заслужувате да се закитиме со светскиот шампионски пехар, сите ние го заслужуваме тоа поради се што направивме и се што се откажавме за да се обидеме да го оствариме нашиот најголем сон. Но, Бог не сакаше така. Ви благодарам, професоре Тита, и голема прегратка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА