Демант од Нејмар: Ги објави во јавноста „пофалбите“ од девојката што наводно ја силувал

Ѕвездата на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Нејмар ги демантираше обвинувањата за силување. Истрагата беше покрената поради тоа што анонимна жена го пријавила Нејмар за силување кое се случило на 15 мај во Париз. На тој датум Бразилецот објави фотографија со поголема група на луѓе на роденденската забава на соиграчот Маркињос, па постојат сериозни сомнежи дека делото за кое е обвинет голгетерот го извршил токму за време на забавата.

Недолго по обвинувањата Нејмар се огласи на Инстаграм каде што ги демантираше обвинувањата.

„Поради обвинувањата морам да го изнесам мојот личен став на јавноста и тоа што се случува во моето семејство“, напиша Нејмар.

Воедно, Нејмар објави и низа разговори со девојката што сега го обвинува за силување, во кои таа упатува „пофалби“ на негова адреса за заеднички минатата вечер.

„Она што се случи е нормално што се случува меѓу маж и жена во четири ѕида. Сега гледам дека некој се обидува да го злоупотреби тоа и да ја изврти вистината. Ова е голема лекција за мене, но сакам сите да ја знаат вистината“ – порача Нејмар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 3n310ta ?? ? neymarjr (@neymarjr) on

Се вчитува...