Бразил заврши со настапите на СП во Катар по елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето. Сето тоа никако не можеше да го прифати Нејмар кој не ги криеше солзите по мечот со Хрватите.
На крајот, пак, Нејмар дополнително ги шокираше Бразилците со ставот дека во иднина не знае дали ќе игра повеќе за бразилската селекција.
„Искрено не знам. Мислам дека не е вистински момент да зборувам за тоа. Мора добро да размислам што е најдобро за мене. Не сакам уште сега да ги затворам вратите на репрезентацијата, но не може да гарантирам дека во иднина ќе го носам дресот на Бразил“ – истакна Нејмар.
За репрезентацијата дебитираше во 2010 година одигрувајќи 124 натпревари во кои постигна 77 гола со што се израмни со рекордот на Пеле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА