Нејмар одигра извонреден натпревар против ПСЖ, постигнувајќи го својот втор хет-трик во дресот на ПСЖ, по ланскиот трансфер од Барселона.
Два од трите гола на Нејмар беа ремек-дела од слободен удар, со што тој стана само втор играч во историјата кој успеал да постигне два погодоци на еден натпревар од вакви позиции. Претходно тоа пред девет години му успеало само на Кристијано Роналдо, на дуелот против Цирих.
Нејмар стигна до бројката од 30 погодоци во ЛШ, израмнувајќи се со својот легендарен сонародник Кака, а за значењето на Бразилецот за резултатите на ПСЖ најдобра потврда е податокот дека во првите 40 средби во дресот на „светците“ тој досега постигнал 38 погодоци (девет гола на девет натпревари во Лигата на шампионите).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА