Нејмар го купува својот матичен клуб?

Бразилскиот фудбалер Нејмар, размислува да го купи својот матичен клуб Сантос. Според бразилските медиуми, 32-годишниот фудбалер сака даги реши финансиските проблеми на екипата.

Сантос има долгови од околу 130 милиони евра. Идејата е Нејмар да ги стекне акциите на клубот заедно со неговиот татко, откако беше инспириран со примерот на Роналдо. Во 2021 година бразилскиот феномен стана сопственик на 90% на акциите на Крузеиро, каде што ја почна кариерата.

Нејмар играше во Сантос од мали нозе до 2013 година, кога замина во Барселона. Неодамна беше објавено дека е подготвен да го напушти Ал-Хилал и да се врати во Сантос идната година.

Се вчитува...