Бразилската ѕвезда и капитен на репрезентацијата на „кариоките“ и натаму е во процес на рехабилитација по тешката повреда на коленото. Пред неколку дена се појави фотографија на која се гледа Нејмар видно здебелен, по што тргна лавината на коментари.
Поради сево ова се реши да го покаже стомакот. Сепак, се виде дека фотографијата е само добар фотошоп, па Бразилецот покрај тоа што покажа во каква кондиција е, испрати и порака.
„П**ете го хејтери. Трпете или полудете“, напиша Нејмар на „Инстаграм“ за сите оние кои го нападнаа дека пуштил стомак додека се рехабилитира од повредата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА