Нејмар го напушта Сантос и се сели во МЛС лигата

Фудбалскиот клуб од Соединетите Американски Држави, Синсинати почна да се распрашува за евентуалното доаѓање на Нејмар во нивните редови. Членот на МЛС лигата воспостави првичен контакт со Сантос и со агентите на Нејмар за да види под какви услови славниот Бразилец ќе дојде во Охајо.

Договорот на Нејмар со тимот од Сао Паоло истекува во декември 2026 година, а се очекува тој да донесе одлука по Светското првенство во јуни и јули оваа година.

Моменталниот фокус на поранешниот ас на Барселона и ПСЖ е да се обиде да избори место во националниот тим за Светското првенство. Тој го носеше дресот на Бразил за последен пат во октомври 2023 година.

Се вчитува...