Нејмар го предизвика Меси: Сакам финале со Аргентина

Нејмар продолжува да прикажува одлични игри на Копа Америка. Тој го предводеше Бразил до нов триумф против Перу 1-0 и пласман во финалето на континенталното натпреварување. Асот на Пари Сен Жермен, по еден соло пробив, успеа да одлично да му асистира на Пакетa за единствениот погодок, со што „кариоките“ го однесе на само еден меч до освојвуање на титулата.

Во финалето за противник ќе ги чека победникот од дуелот Аргентина и Колумбија. Во пресрет на овој меч, Нејмар даде своја изјва, па кажа кој сака да биде ривал на Бразил во решавачкиот дуел.

„Би сакал Аргентина да победи. Ќе навивам за нив. Имам многу пријатели таму. Секако, доколку тие обезбедат финале, Бразил сигурно ќе триумфира“, изјави Нејмар.

Дуелот помеѓу Аргентина и Колумбија е закажан ноќта помеѓу вторник и среда во 3 часот по полноќ. Финалето помеѓу Бразил и победникот од овој дуел ќе се игра ноќта помеѓу сабота и недела во 2 часот на стадионот „Маракана“ во Рио Де Жeанеиро.

Се вчитува...