Повредата на бразилскиот интернационалец Нејмар е многу посериозна од првичните предвидувања и тој би можел да го пропушти дури и најголемиот фудбалски планетарен собир, Светското првенство во Русија, кое ќе се одржи во јуни. Деталните лекарски прегледи покажаа дека Бразилецот има скршеница на метатарзална коска на стапалото и ќе мора да замине на операција, а рехабилитацискиот процес ќе трае најмалку до крајот на мај.
Ова значи дека Нејмар нема да може да се врати на тренинзи до почетокот на јуни, а само десетина дена подоцна стартува Светското првенство во Русија. „Кариоките“ својот прв настап на мундијалот ќе го имаат на 17.јуни во Ростов против селекцијата на Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА