Бразилскиот фудбалер Нејмар, призна дека бил многу блиску пред трансфер во Баерн Минхен. Нему лично на врата му дошол тренерот Гвардиола и го убедувал да потпише за гигантот од Минхен.
Меѓутоа на крајот откако дознал дека Пеп ќе оди во Баерн, се одлучил да потпише за Барселона.
„Во два часот наутро ми дојде Гвардиола и преведувач. Тој ми рече: „Сакам да потпишам со тебе, и сакам да дојдеш со мене во кој клуб и да одам“. Ми покажува хартија, ми го отвора лаптопот и ми покажува каде ќе играм. Исто така ми кажа ако не дадам 60 гола, тој ќе си го смени името. Не сакаше да ми каже за кого ќе потпише. Го убедив, ми призна дека ќе оди во Баерн. Ми рече: „Знам дека е студено таму, но јас ќе се грижам за тебе“. На крајот потпишав за Барселона“, рече Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

