Нејмар им одговори на ултрасите на ПСЖ

Во Париз е тензично, а демонстрациите кои се одвиваат во градот ги зафатија и навивачите на ПСЖ.  Улиците со денови се преплавени со демонстранти кои протестираат против пензиските реформи, додека навивачите на Пари Жермен водат сопствена битка.

Тие се здружија против како што ги нарекуваат екстра-профитерите, само од редовите на нивниот клуб, а на најголем удар се ѕвездите на тимот Меси, Нејмар и Верати. Барањето на навивачите е исто за сите што се нивна мета – да си заминат од клубот.

Во средата навивачите на ПСЖ организираа неколку жестоки протести, најпрвин пред седиштето на клубот каде се пожалија на Меси, а потоа отидоа кај Нејмар да му кажат дека не е добредојден.

Следеше одговор на Бразилецот, кој не се појави пред незадоволните навивачи, ниту пак лично им се обрати. Се што имаше да каже го кажа преку својот Инстаграм профил, од безбедна дистанца:

„Не дозволувајте другите да ве вовлечат во својата бура, туку водете ги во вашиот мир“, е пораката на Нејмар до оние кои повеќе не го сакаат во клубот.

Бразилецот, но и Аргентинецот, најверојатно ќе го напуштат клубот на крајот на сезоната.

Се вчитува...