Бразилецот Нејмар следната седмица се очекува да го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот и од Барселона да се пресели во Пари Сен Жермен. Се е веќе договорено, а „Мундо Депортиво“ пренесува дека тој оваа вест јавно им ја соопштил и на соиграчите.
Нејмар имаше инцидент со Нелсон Семедо на еден од последните тренинзи и си замина од тренингот, а притоа нервозно истакнал дека ќе го напушти клубот. Во текот на денешниот ден, тој и официјално им ја соопштил својата одлука на соиграчите од Барселона. Дел од нив без реакции го прифатиле тоа, но има и такви како Иниеста, кои тврдат дека за Барселона е подобро да го задржи Нејмар, отколку да добие 220 милиони евра.
Нејмар вечерва ќе го одигра последното „Ел Класико“, дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид, кое овојпат има подготвителен и пријателски карактер, а потоа најверојатно и ќе се упати во Париз, на завршни детали пред трансферот на столетието.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА