Она што го пропушти Бразил на домашен терен, може да го надополни на претстојниот Мундијал во Русија и да ја освои шампионската титула. Тоа се прогнозите на ѕвездата на Пари сен Жермен, Нејмар во пресрет на СП 2018.
Барзил ги има сите предиспозиции за да стигне до целата. „Кариоките“ одиграа извонредно во квалификациите, имаат исклучителен тим и го имаат Нејмар во составот.
„Верувам дека ќе бидеме подобри отколку на претходниот шампионат. Убеден сум дека и јас ќе пружам многу повеќе. Поискусен сум, зрел како играч, а мојата репрезентација нема отоварувања како што имавме пред нашите навивачи“ – потсети Најмар на тешкиот пораз за Бразил од Германија во полуфиналето на Мундијалот во 2014 година.
Кога станува збор за фаворитите на СП 2018 во Русија, најдобриот бразилски фудбалер ги издвојува традиционалните сили, но и едно потенцијално изненадување.
„Секогаш на врвот се Бразил, Аргентина, Германија, Шпанија и Франција. Изненадување може да биде Белгија која има извонреден тим. Што се однесува до играчите, Мохамед Салах е во одлична форма, тој би можел да го обележи првенството“ – истакнува Нејмар.
На СП во Русија, репрезентацијата на Бразил ќе игра во групата со Србија, Швајцарија и со Костарика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА