Нејмар има откупна клаузула во договорот со ПСЖ

Во договорот на Нејмар со ПСЖ има откупна клаузула која наскоро ќе биде активирана, тврдат шпанските медиуми. Каталонскиот весник „Спорт“ открива детали од договорот на бразилската ѕвезда со парискиот тим. Според нивните сознанија, оваа клузула ќе стане активна во 2020 и е во размер од 215 милиони евра. За секој обид за негов трансфер пред крајот на третата сезона во ПСЖ, клубот мора да даде посебна согласност.

Во шпанското радио „Кадена“ излезе со други информации. Тие тврдат дека откупната клаузула од договорот на Нејмар стапува на сила летото 2019, а сумата што треба да ја плати клубот што ќе сака да го откупи договорот е 220 милиони евра. Во 2020 година откупната сума се намалува на 200 милиони евра.

Најмар минатата година ја напушти Барселона за да премине во редовите на францускиот шампион, тогаш со откупна клузула од 222 милиони евра.

Во изминатиов период зачестија најавите дека Бразилецот наскоро ќе се врати во Шпанија. Едната опција е враќање во Барселона, а другата трансфер во Реал Мадрид.

Се вчитува...