Нејмар има намера да се врати во Барселона

Бразилскиот фудбалер Нејмар неодамна потпиша за неговиот матичен клуб Сантос, меѓутоа тој не планира да остане таму уште долго. Неговите планови наводно биле да се врати одново во Европа. И тоа не било каде, туку во Барселона.

33-годишниот напаѓач одново планира да заигра на високо ниво, и затоа следните месеци ќе биде фокусиран да покаже дека е подготвен за такво нешто. За таа цел има да се покаже до летото, ако сака да се врати на највисоко ниво.

Нејмар беше дел од каталонскиот тим од 2013 до 2017 година, и играше заедно со Меси и Суарез. Потоа замина во ПСЖ, па од Саудиска Арабија, се врати одново во Бразил. За Сантош во моментов има одиграно три меча, но без постигнат гол.

Се вчитува...