Повредата што Нејмар ја заработи на неделниот натпревар со Олимпик Марсеј е сериозна и Бразилецот речиси сигурно ќе го пропушти клучниот дуел за ПСЖ, реваншот од осминафиналето во ЛШ против Реал Мадрид.
Како што објави ПСЖ преку официјален медицински извештај, не станува збор само за скочниот зглоб, во кој лигаментите се истегнати, туку и за скршеница на коска во стапалото. Се работи за метатарзална коска на стапалото. Иако не се наведува точната прогноза за времето на пауза, ваков вид на повреди најчесто се санираат со месеци, а не со недели, па јасно е дека Унаи Емери нема да може да смета на најскапиот светски фудбалер за пресметката со „кралевите“ во Париз.
Местото на Нејмар речиси сигурно ќе му припадне на Анхел ди Марија, кој се наоѓа во добра форма иако премногу ретко добива шанса од тренерот на „светците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА