Нејмар во следните неколку дена ќе седне на маса со челниците на ПСЖ за да се дојде до заедничко решение и Бразилецот што поскоро да си замине од таборот на францускиот првак. Двете страни се со идентичен став – не постојат услови за продолжување на соработката, па сега само се очекува да биде пронајден начин како таа да се заврши. Бразилецот веќе има на маса неколку понуди, а многу поголеми се шансите тој да се пресели во САД, отколку да го прифати богатството што му го нудат клубовите од Саудиска Арабија.
Нејмар е втор најплатен фудбалер во клубот и управата е решена што поскоро да се ослободи од него, а не се исклучува ниту можноста за спогодбен раскин на договорот. Со тоа, ПСЖ би се ослободил од обврските кон Нејмар за следните три години од договорот, но за возврат нема ниту да бара отштета за Бразилецот, кој како слободен играч ќе си ја избере следната дестинација во кариерата.
Клубови од Саудиска Арабија веќе стапија во контакт нудејќи му богатство на бразилскиот генијалец, но последните информации велат дека тој не е премногу заинтересиран за преселба во оваа земја. Напротив, Нејмар сериозно ја разгледува опцијата да тргне по стапките на Лео Меси и кариерата да ја продолжи во американската МЛС-лига. Двата тима од Лос Анџелес веќе покажале интерес да го доведат во своите редови Нејмар, кому му е интересна опцијата за преселба во метрополата во Калифорнија.
Финансиските услови секако ќе бидат значително пониски од оние во Саудиска Арабија, но Нејмар сепак делува позагреано за преселба во Ел-Еј, особено откако му стана јасно дека нема да му се исполни желбата за камбек во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА