Нејмар каков што не го знаеме: Му се приближи на рекордот на Пеле па се расплака

Бразил стигна и до втората победа во групната фаза од Копа Америка откако со головите на Алекс Сандро, Нејмар, Рибеиро и Ричарлисон го совлада Перу со 4-0.

Со овој гол, Нејмар стигна чекор поблиску до рекордот на Пеле од 77 постигнати погодоци за Бразил и сега заостанува само седум гола зад еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Фудбалерот на ПСЖ по мечот не успеа да ги скрие солзите на прес-конференцијата.

„Овие бројќи не се ништо друго освен радоста која ја осеќам кога играм за Бразил и ја претставувам мојата татковина. Во овој момент сите поминуваме низ тежок период и мило ми е што можам да бидам пример за некои луѓе. Ја обожавам приказната што ја испишувам со Бразил, сакам мојата фамилија и моите пријатели да бидат горди. Се надевам дека сите кои ја сакаат оваа игра се горди на мене, бидејќи бројките не значат многу, битна е само гордоста која ја осеќам кога го носам дресот на Бразил“, изјави Нејмар во солзи.

Се вчитува...