Нејмар кажа „да“ за камбек во татковината

Деновите на бразилскиот ас Нејмар во Ал Хилал се одброени. Тој наскоро се враќа во татковината, во Сантос, клубот од каде што ја започна блескавата кариера.

Како што пренесуваат светските медиуми, Нејмар веќе му кажал „да“ на својот Сантос и останува уште да бидат договорени условите помеѓу бразилскиот и саудискиот клуб.

Покрај Сантос и Ал Хилал, Нејмар настапуваше и за Барселона и ПСЖ, освојувајќи бројни трофеи со шпанскиот и францускиот клуб.

Се вчитува...