Нејмар ќе има и приватен авион, ќе заработува и кога ќе објавува на социјалните мрежи

Нејмар е само еден од играчите кои Европа ја заменија со Саудиска Арабија. Бразилецот се одлучи да замине од ПСЖ и да се приклучи во Ал-Хилал. Таму го чекаат неколку познати играчи меѓу кои Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невес, Малком, Калиду Кулибали, а во следните денови треба да пристигнат и Митровиќ и голманот Боно.

Најскапиот фудбалер во историјата на Ал-Хилал ќе заработува 160 милиони евра по сезони, а ќе добива и 80.000 евра бонус за секоја победа, и пола милион евра за секоја објава на социјалните мрежи во која ќе ја промовира Саудиска Арабија.

Покрај платата и бонусите, Нејмар ќе добие своја вила со послуга, а на располагање ќе има и приватен авион.

Се вчитува...