Бразилецот Нејмар преговара со три клуба од МЛС, пренесува американскиот ЕСПН. Еден од тие клубови е Интер Мајами, за кој настапуваат Лионел Меси и Луис Суарез, со кој Нејмар беше соиграч во Барселона.
Покрај клубот на Дејвид Бекам, Бразилецот наводно го бара и Чикаго Фајр, додека името на третиот клуб не се открива. Нејмар има големи проблеми со повреди откако стана играч на саудиски Ал Хилал.
Клубот од Саудиска Арабија го донесе од Пари Сен Жермен во август 2023 година во трансфер вреден 90 милиони евра и му даде плата од 150 милиони евра. Сепак, по седум натпревари на кои постигна еден гол со три асистенции, заработи тешка повреда на коленото.
Паузираше до ноември минатата година, кога веќе во вториот настап повторно се повреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА