Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар, повредата на зглобот ќе ја опоравува во вила во Рио Де Жанеиро која вреди шест милиони фунти. Овој „рај“ е комплетно опремен со теретана, сауна, џакузи, базен, тениски игралишта, соби за релаксација и масажа, но и простор за слетување на хеликоптер – хелипад.
„Куќата од соништата“, како што ја опушиваат локалните медиуми, ѕвездата на ПСЖ неодамна ја купи и сега ќе има можност да ужива во луксузот при тоа целосно да се посвети на опоравувањето за да биде подготвен за мундијалот во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА