Нејмар кокетира со Јувентус, Барселона со конкретна понуда

Избор на двајца од шестмина понудени играчи меѓу кои се и Фелипе Кутињо, Осман Дембеле и Малком како дополнување на 100-те милиони евра кои ќе ги плати. Ова е последната понуда од Барселона упатена до Пари Сен Жермен за Нејмар.

Барселона мора да прави вакви обиди го оглед дека мора да го ограничи трошењето за да го испочитува Финасискиот Фер плеј. Меѓу понудените биле и Иван Рактиќ и Нелсон Семедо.

ПСЖ веќе го прифати фактот дека Нејмар ќе си оди, но сака за него да наплати најблиску што може до рекордните 222 милиони евра што ги даде за него во 2017 година. Барселона пак не може да ја плати целата сума, а секако инсистира и плаќањето да биде одложено до 2020 година.

Од другата страна, од Италија доаѓаат информации дека таткото на Нејмар кој е и негов агент бил забележан во Торино каде што наводно имал начелни разговри со итлаијанскиот шампион, Јувентус за можноста тој да се пресели на Апенините.

 

 

Се вчитува...