Нејмар ја купува Јапонија. Тоа не е, се разбира, земјата во Азија, туку островот Јапао во близина на Рио де Жанеиро. Бразилскиот фудбалер е познат по своите луди и прилично распуштени забави, а во иднина на тој луксузен остров во близина на „рајскиот брег“ Ангре дос Реис би можеле да се случуваат забави организирани од него.
Информацијата ексклузивно ја објави порталот „Лео дијас“, а задоволството на Бразилецот би требало да чини осум и пол милиони евра.
Со оглед на годишната плата од 100 милиони евра која моментално повредениот Нејмар ја има во Ал Хилал, цената е мала работа за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА