Бразилскиот напаѓач Нејмар се најде во центарот на вниманието пред два дена поради бизарна ситуација на натпреварот на својот Сантош. Клубот на Нејмар загуби од Интернационал со 1-2 во 16-то коло од бразилското првенство, а сцената во која главен протагонист беше поранешниот играч на Барселона и ПСЖ стана вирална.
Во еден момент, Нејмар погоди одличен волеј, но неговиот удар беше одбиен во стативата од голманот на Интернационал, Серхио Роше. Бразилскиот виртуоз беше убеден дека топката влезе во голот и почна да слави. Во својот делириум, дури и го шутна корнер знаменцето и го уништи.
Но, тој не виде дека Роше ја фати топката на линијата и дека играта продолжи. Кога се сврте да ги прегрне своите соиграчи, таму немаше никој. Топката веќе беше на половината на Сантош. Но, приказната не заврши тука.
NEYMAR TEVE TOTAL CERTEZA QUE FOI GOL
FOI OU NÃO? pic.twitter.com/eLPNegWasU
— Cartolouco 👑 (@Cartolouco) July 24, 2025
Имено, при напуштањето на теренот, Нејмар се степа со еден навивач. Расправијата меѓу најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација и навивачите траеше една минута, а потоа Нејмар отиде во соблекувалната. Видеото можете да го погледнете ТУКА.
На социјалните мрежи, тој објасни за што точно станува збор.
„Тешко е да ги контролираш емоциите на ваква жештина, особено ако незаслужено те навредуваат. Никогаш нема да се расправам со навивачи поради критики на теренот, тие имаат право да го дадат своето мислење, имаат право да ме исвиркуваат. Но, немаат право да ме навредуваат на овој начин. Човекот рече дека татко ми и јас сме платеници, не дозволувам навреди кон моето семејство и пријатели. Жал ми е, не можев да се контролирам“, рече Нејмар и заклучи:
„Дојдов во Сантош за да му помогнам на клубот на најдобар начин. Денот кога навивачите ќе помислат дека повеќе не можам да помогнам или дека му штетам на клубот, ќе бидам првиот што ќе ги собере своите работи и ќе си замине.“
Триесетгодишниот Нејмар пристигна во Сантош, клубот од неговото детство, во јануари оваа година откако го раскина договорот со Саудијците кои го критикуваа неговиот неспортски начин на живот. Не е поинаку ни во Бразил.
Иако Нејмар неодамна го продолжи договорот со Сантош, неговото враќање досега е целосен неуспех. Тој одигра 15 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола, но очигледно е дека физички не е на ниво. Поради повреди и проблеми со подготовките, тој веќе пропушти неколку натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

