Нејмар луто му одговори на Анчелоти: Сонот се уште не ми е уништен!

Италијанскиот тренер Карло Анчлоти вчера го објави списокот на бразилската селекција за дуелите со Франција и Хрватска и објасни зошто Нејмар не е на него.

„Нејмар можеби ќе оди на Светското првенство, но можеби и не. Ако не е 100% подготвен, нема да биде таму. Ако успее да биде подготвен, можеби ќе биде поканет“, рече Анчелоти и додаде:

„Во моментов не е. Како што реков, конечниот список допрва треба да биде објавен. Нејмар мора да продолжи да работи, да игра, да ги покажува своите квалитети и да остане во добра физичка форма.“

Оваа изјава на Анчелоти тешко ја доживеа и самиот Нејмар, па одлучи јавно да проговори.

„Лут сум што не добив покана. Но, останувам максимално фокусиран. Ден по ден, тренинг по тренинг и натпревар по натпревар. Сакам да ја остварам мојата цел, сè уште има шанса да бидам на тој конечен список за Светското првенство. Сонот не е уништен и ќе дадам се од себе да го остварам“, рече Нејмар.

Се вчитува...