Нејмар многу, многу лут: Е.ете се сите!

ПСЖ доживеа шокантна елиминација од Манчестер јунајтед откако на реванш дуелот во Париз загуби со 1-3 со гол од пенал на Рашфорд во 94. минута од средбата.

Словенечкиот судија Дамир Скомина покажа на белата точка откако дефанзивецот на ПСЖ, Преснал Кимпембе топката ја запре со рака на патот кон голот. Но, овој детаљ и тоа како го налути Нејмар. Иако не играше поради повреда, имаше што да им порача на судиите по натпреварот…

 

„Ова е срамота. Поставуваат четворица кои не се разбираат во фудбал и кои се гледаат само на видео снимки. Невозможно! Како човек да ја постави раката ако е свртен со грб? Е.ете се!“ – напиша Нејмар.

 

Се вчитува...