Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието на таблоидите поради нефудбалски причини, откако беше обелоденето дека бразилскиот ас е во врска со свршеница на свој соиграч од ПСЖ. Станува збор за Изабел Гулар, која веќе неколку години е во сериозна врска со голманот Кевин Трап.
Германецот пред две сезони замина на позајмица во Франкфурт, но Гулар, која е позната светска манекенка останала да живее во Париз. Љубовта на релација Германија – Франција функционирала беспрекорно се до периодот на карантин поради коронавирусот, кога Трап и Гулар останале раздвоени, а целата ситуација ја искористил Нејмар, кој почнал авантура со убавицата.
Тие беа видени заедно минатиот месец при лудувањето на Нејмар во Сен Тропе, пред да почне со подготовки со тимот на ПСЖ, а во меѓувреме врската им се интензивирала, тврдат бразилските медиуми.
Се очекува тензичен период во ПСЖ, со оглед на фактот дека позајмицата на Трап во Ајнтрахт заврши, па голманот за десетина дена треба да се јави „на рапорт“ и да почне со тренинзи со остатокот од екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА