Пред една година, животот на еден од најдобрите бразилски бекови Дани Алвеш се „преврте“ и се претвори во хорор. Екс играчот на Барселона, Јувентус и ПСЖ веднаш после Мундијалот во Катар, се најде во центарот на скандал, откако беше обвинет за силување во ноќен клуб во Барселона.
Алвеш од 20 јануари е приведен, а судењето ќе почне на 5. февруари во Барселона. Девојката која го обвинува Алвеш, бара од него отштета од 150.000 евра. Исто така во тужбата се бара и 20 годишен затвор за екс играчот.
Според бразилските медиуми, тој го контактирал својот долгогодишен соиграч Нејмар, барајќи од него финансиска и правна помош пред судењето кое почнува идниот месец. Се тврди дека Нејмар му префрил пари на Алвеш кои биле искористени за плаќање на казните во износ од 150.000 евра, а овој износ ќе помогне и за намалена казна на Бразилецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

