Нејмар на жесток удар на јавноста во Бразил – „Може да оди на забави, но не и на погребот на најголемиот“

Најголемата бразилска фудбалска ѕвезда во моментов, Нејмар не се појави на погребот на неговиот легендарен сонародник, Пеле со што го навлече гневот на јавноста во неговата земја.

Нејмар потекнува од Сантош, клубот каде што Пеле ја помина речиси целата своја кариера. Пеле посебно го почитуваше Нејмар, па сите очекуваа дека фудбалерот ќе побара дозвола од ПСЖ и ќе се појави на погребот.

Бразилците му замеруваат на Нејмар затоа што барал дозволи од клубот да присуствува на разни забави, но не и на погребот на фудбалскиот великан Пеле.

„Нејмар многу лесно можеше да го убеди ПСЖ за да го пушти да дојде на погребот. Тој неколкупати барал дозвола за разни забави и ја добивал, зашто не побарал таква дозвола која сигурно ќе ја добиел за погреб на најголемиот во историјата Пеле? Нејмар како најголема ѕвезда на Бразил имаше обврска да дојде на погребот на Пеле и да се прости од него. Тоа беше многу важно за бразилскиот фудбал“, објавија низа бразилски медиуми.

Се вчитува...