Бразилскиот напаѓач Нејмар изјави дека повторното обединување со поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез во Интер Мајами е интересна идеја и не ја отфрли можноста за преселба во САД по истекот на неговиот договор со Ал Хилал.
Некогаш еден од најдобрите напаѓачи во фудбалот, Нејмар соработуваше со Меси и Суарез за да ја одведат Барселона до историска тројна круна пред да се пресели во Пари Сен Жермен во 2017 година за рекордни 222 милиони евра.
„Очигледно е дека повторното играње со Меси и Суарез би било неверојатно. Тие се мои пријатели, сè уште често сме во контакт“, изјави Нејмар за Си-Ен-Ен.
„Би било интересно да се оживее тоа трио. Среќен сум во Ал-Хилал, среќен сум во Саудиска Арабија, но кој знае. Фудбалот е полн со изненадувања“.
Нејмар играше само седум пати за Ал-Хилал од неговиот трансфер од 90 милиони евра од ПСЖ во 2023 година, бидејќи повредите го држеа надвор долги периоди. Неговиот актуелен договор истекува во јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА