Нејмар не е сериозно повреден, ќе игра против Ливерпул?

Бразилскиот ас Нејмар не е сериозно повреден и најверојатно ќе се врати на теренот веќе на значајниот меч против Ливерпул во Лигата на шампионите, откриваат француските медиуми. По првичните лекарски прегледи проценето е дека Нејмар заработил мала повреда на мускулот, но дека бил повлечен од игра поради превенција на пријателскиот меч со Камерун. По пауза од 3-4 дена тој ќе може да се врати на тренинзите и лекарскиот тим на ПСЖ се надева дека ќе го подготви за настап на дуелот против Ливерпул на 28 ноември на „Паркот на принцовите“.

Тренерот на „светците“, Томас Тухел, има главоболки и со повредата на Килијан Мбапе, кој мораше да го напушти пријателскиот натпревар меѓу Франција и Уругвај поради силни болки во рамото.

ПСЖ во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата во групата Ц со пет освоени бода, еден помалку од Наполи и од Ливерпул. Српскиот Црвена Звезда е на четвртото место со четири бода.

Се вчитува...