По преселбата во ПСЖ, Нејмар како дом одбра луксузна вила во Буживал, градче одалечено на 15 километри од Париз. На жителите во прв момент им беше интересно за сосед да го имаат најскапиот фудбалер во светот, но Бразилецот сега им оди на нерви со лудите забави до раните утрински часови.
Градоначалникот на Буживал, кој живее во близина на Нејмар, го опишува фудбалерот како индивидуа која нема почит кон никого, а за забавите вели дека не е проблем само вревата во позадина, туку и дека тие се неверојатно иритирачки.
Последната забава била на 5. февруари, кога Нејмар го прославил 31-виот роденден, соседите во неколку наврати викнале полиција. Но тоа нема никаков ефект, бидејќи Бразилецот ја плаќа глобата и продолжува да се журка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА