Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар тренираше одвоено од соиграчите поради вирусна инфекција, соопшти францускиот клуб.
Нејмар е се поблиску до заминување од ПСЖ, а лице со кое контактирале во четвртокот изјави за агенцијата АП дека преговорите се движат кон заминување на Бразилецот од клубот овој месец.
Француските медиуми на почетокот на оваа недела објавија дека Нејмар го известил раководството на клубот дека сака да си замине. Тој беше поврзуван и со Барселона, која во 2017 година го продаде на ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.
ПСЖ, кој ја започнува одбраната на титулата против Лориен во сабота, исто така се соочува со неизвесност околу иднината на Килијан Мбапе. Францускиот фудбалер, кој оваа недела тренираше со соиграчите, сака да ја заврши последната сезона од договорот и следната година да замине како слободен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

