Нејмар низ солзи го најави камбекот: Патам секој ден… (ВИДЕО)

Бразилскиот репрезентативец Нејмар по долга пауза од една година денеска треба да се врати на терените за натпреварот на неговиот Ал Хилал против Ал Аина во азиската Лига на Шампиони.

Говорејќи за бразилски медиум камбекот го најави низ солзи.

„Тоа што најмногу го сакам во живот е да играм фудбал. Патем секој ден кога сум далеку од фудбалот. Тоа е нешто што најмногу ме боли. Моето пристигнување во Ал Хилал, раѓањето на мојата ќерка, се тоа ја направи годината фантастична, а потоа се случи повредата. Осетив голема болка и веднаш знаев дека се повредив. Најважни во мојот живот се пријателите, семејството и фудбалот. Се враќав од тешка повреда и порано, така ќе биде и сега“, изјави Нејмар.

Се вчитува...