Нејмар не може да крене глава од проблеми, но бразилскиот ас сега се соочува со сериозни главоболки откако против него било поднесено обвинение за силување.
Информацијата прв ја објави бразилскиот весник „Глобо“, обелоденувајќи дека жртвата поднела тужба во Сао Пауло, а локалните власти веќе покренале и истрага, воедно и контактирале со Нејмар за целиот случај.
Според обвинението, Нејмар ја силувал жената на 15 мај во Париз. На тој датум Бразилецот објави фотографија со поголема група на луѓе на роденденската забава на соиграчот Маркињос, па постојат сериозни сомнежи дека делото за кое е обвинет голгетерот го извршил токму за време на оваа забава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА