Прославниот бразилски фудбалер Нејмар по врвната кариера во Европа во која настапуваше за Барселона и ПСЖ освојувајќи голем број на трофеи, вво 2023 година изненади со изборот на следната дестинација и се пресели во Саудиска Арабија.
Најскапиот трансфер во историјата не се задржа долго на егзотичната дестинација па следеше трансфер во родниот Бразил каде поради повреди пропушти поголем дел од натпреварите.
И покрај тоа италијанските медиуми најавуваат негов камбек во Европа и тоа во редовите на актуелниот шампион на Серија А – Наполи.
Неаполитанците во летниот преоден рок стигнаа до квалитетни засилувања во имињата на Кевин де Брујне, Елис Елмас, Беукема… и не намеруваат да запрат со формирање на екстра квалитетен тим.
Нејмар не би бил само засилување од врвен тип, туку и голем маркетиншки потег со оглед на славата која ја живее.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

