Монако е првиот тим кој што успеа да го сопре моќниот Пари Сен Жермен сезонава откако одигра реми (1-1) на „Паркот на принцовите“ во последниот натпревар од 4. коло во француската Лига 1.
„Кнезовите“ до водство од 0-1 стигнаа уште во 20. минута со голот на Кевин Воланд. Конечните 1-1 на овој натпревар ги постави бразилскиот интернационалец Нејмар во 70. минута од пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА